Упатства за добри практики за системи за собирање податоци за поддршка на одржлив слатководен и рекреативен риболов во регионот на Западен Балкан
No hay miniatura disponible
Fecha
Título de la revista
ISSN de la revista
Título del volumen
Editor
FAO ;
Resumen
Descripción
Овие упатства се одраз на препораките за добри практики во собирањето податоци за источноевропското слатководно рибарство, а особено регионот на Западен Балкан, врз основа на методологиите и пристапите користени во земјите ширум Европа и од искуствата на ФАО со слатководното рибарство во други региони. Даваат насоки за можностите што на располагање ги имаат управителите со слатководното рибарство врз основа на конкретните околности, т.е. комерцијален или рекреативен риболов, и се особено релевантни како помош за економиите во транзиција во Европа, Кавказ и Централна Азија. Овие упатства не се сеопфатен преглед на управувањето со слатководното рибарство, ниту пак даваат совети за аспектите на животната средина или конкурентското користење на слатководните тела. Во нивниот фокус се прашањата на прибирање податоци заради поддршка на оние што управуваат со рибарството без разлика дали станува збор за владини агенции, рибари или здруженија на риболовци, кои имаат заедничка одговорност за управување со слатководните ресурси во европските реки и езера.
