Упатство за постапување со животински мрши
No hay miniatura disponible
Fecha
Título de la revista
ISSN de la revista
Título del volumen
Editor
FAO ;
Resumen
Descripción
Појавата на болести кај животните може да предизвика бројни проблеми кои може значително да влијаат врз егзистенцијата, безбедноста на храната и врз животната средина. Правилното отстранување на животинските мрши од животните кои угинале или биле убиени за време на болеста е клучната компонента за успешната интервенција против појавата на болеста затоа што со тоа се спречува или ублажува понатамошното ширење на патогените предизвикувачи; а во случај на зоонотски блести, се штити и здравјето на луѓето.
Практичните упатства што се дадени овде ги разработуваат прашањата што треба да се земат предвид и процедурите што се препорачуваат за постапување со животинските мрши и отпад. Наменети се за употреба од страна на ветеринарните служби и другите надлежни органи кога ги изработуваат своите планови за сузбивање и искоренување при појавата на болести кај животните. Упатството се однесува на појавата на болести кај животните од најразличен обем, и без разлика дали појавата е изолирана на еден објект или опфаќа пошироко подрачје со поголем број објекти.
Сепак, упатството главно се фокусира на малите и средните стопанства во земјите кои не располагаат со конструирани депонии, кафилерии или погони за контролирано спалување. Упатството е напишано во духот на „едноставност и изводливост“, земајќи ги предвид ограничените човечки и финансиски ресурси во голем број земји за решавање на овој проблем.
Излагањето и практичниот приод беа осмислени така што земјите со сигурност да може да го употребат упатството како корисна алатка во своите процедури за итни интервенции. Освен тоа, ова упатство директно придонесува и за приодот на „едно здравје“ преку заштитата на здравјето на животните, луѓето и животната средина.
