Информативен леток за ангажираноста на засегнатите страни - Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд
No hay miniatura disponible
Fecha
Título de la revista
ISSN de la revista
Título del volumen
Editor
FAO ;
Resumen
Descripción
Проектот “Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд” е прв проект на Република Северна Македонија од Програмата за подготвеност и подготвителна поддршка на Зелениот климатски фонд (ЗКФ). Проектот беше спроведен од Организацијата за храна и земјоделство при ООН (ФАО) под раководство на Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, како Национален назначен орган (ННО) за Зелениот Климатски Фонд (ЗКФ).
Проектот се фокусираше на зајакнување на институционалните капацитети на ННО со цел ефективно да ги исполнува своите улоги и одговорности поврзани со ЗКФ, помогна да се креираат потребните партиципативни процеси за вклучување на сите засегнати страни на национално ниво, како и да се започне со подготовка на Работната програма за земјата за ЗКФ усогласена со националните приоритети за адаптација и ублажување на климатските промени, со Целите за одржлив развој и со критериумите за инвестирање на Зелениот Климатски Фонд.
Овој информативен леток има за цел да ги презентира сите активности за ангажман на клучните национални засегнати страни, вклучително консултативни настани, фокус групи и работилници, спроведени во рамки на проектот во текот на 2019 година, на кои беа вклучени сите релевантни чинители во консултативен процес чија цел е приоретизирање на стратешките климатски инвестиции кои би се финансирале преку Зелениот климатски фонд. Ова исто така вклучуваше и координација со приватниот сектор во развојот на проектни предлози/идеи, како и целосна примена на политиките на ЗКФ за родови, еколошки и социјални прашањ. Консултациите со сите релевантни засегнати страни имаат за цел да осигураат
